ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН и ДИК, се без струја
Според првичните проценки, постои можност објектот да остане без електрична енергија и во наредните денови, а во објектот се сместени Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Државната изборна комисија, делови од Министерството за економија и труд и други агенции и управи.
Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе државни институции.
Поради навлегувањето вода и ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини е исклучена електричната енергија во целиот објект. Поради тоа, во прекин се работата на лифтовите, компјутерските системи и серверите, што дополнително го отежнува функционирањето на институциите кои што се наоѓаат во зградата.
На терен се ангажирани технички екипи кои работат на отстранување на последиците од поплавата, испумпување на водата и на санација на дефектот.
Според првичните проценки, постои можност објектот да остане без електрична енергија и во наредните денови, во зависност од степенот на оштетувањата и времето потребно за безбедно повторно активирање на електричната мрежа.
Во објектот се сместени повеќе институции, меѓу кои Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Државната изборна комисија, делови од Министерството за економија и труд, како и други агенции и управи.