НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 28 СЕПТЕМВРИ ДО 4 ОКТОМВРИ Овенот решава финансиски прашања, a Лавот семејни конфликти

Стрелецот го очекува средба со стара љубов, Бикот ќе има можност за напредок во кариерата.

132

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје.

Овен (21.3 – 20.4)






Фото: Pixabay

Работа: Почетокот на периодот ви носи успех во приватниот бизнис или во јавната дејност. Со Меркур, владетелот на вашата работа, во куќата на парите, од 30 септември ќе вложувате повеќе напори за да ги решите прашањата поврзани со наследство, поделба на имот, алиментација, кредити или стипендии. Венера, која управува со вашите финансии, на 3 октомври тргнува ретроградно, носејќи ви стари долгови и финансиски проблеми.

Љубов: Со нагласена куќа на бракот и партнерските односи, ве очекуваат конфликти, недоразбирања, кавги и расправии со саканата личност. Вашиот владетел Марс, на 28 септември, влегува во куќата на љубовта, носејќи им на слободните Овни нова врска и проширување на семејството. Кон крајот на периодот се зголемуваат шансите за средба со стара љубов.

Здравје: Проблеми со урогениталниот тракт.

Бик (21.4 – 21.5)

Фото: Pixabay

Работа: Со нагласена куќа на работата, во текот на овој период ќе бидете најмногу фокусирани на работните обврски и задачи. Месечината во вашиот знак на 28 септември го активира фиксниот Т-квадрат, носејќи ви конфликти со претпоставените и авторитетите. Истиот ден, тригонот на Меркур со Северниот Месечев јазол во куќата на кариерата ви носи можност за напредување на работното место и успех во јавната дејност.

Љубов: Марс, планетата на конфликтите, на 28 септември влегува во куќата на приватноста, носејќи семејни конфликти. Меркур, планетата на комуникацијата, која управува и со вашиот емотивен живот, на 30 септември влегува во куќата на љубовта, а вашиот владетел Венера на 3 октомври тргнува ретроградно низ куќата на бракот, носејќи расправии со саканата личност.

Здравје: Воведете поздрави навики.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Фото: Pixabay

Работа: Со нагласена куќа на креативноста ве очекуваат добивки преку приватниот бизнис или јавната дејност. Марс, планетата на акцијата, на 28 септември влегува во куќата на работата, носејќи можност за договор или потпишување договор за профитабилен проект. Венера, владетелот на вашите финансии, на 3 октомври влегува во куќата на работата, носејќи ви проблеми со соработниците, особено со жените.

Љубов: Преминувањето на Сонцето низ куќата на љубовта, децата и радоста, на слободните Близнаци им носи можност за влегување во нова врска и проширување на семејството. Вашиот владетел Меркур, кој управува и со вашиот приватен живот, на 28 септември прави тригон со Северниот Месечев јазол, носејќи ви контакт со личност од странство.

Здравје: Интензивирање на хроничните тегоби по 30 септември.

Рак (22.6 – 22.7)

Фото: Pixabay

Работа: Марс, кој управува со вашите финансии, по две години, на 28 септември од куќата на парите влегува во куќата на работата, носејќи ви можности за напредување во кариерата и зголемување на приходите, особено преку неконвенционални извори на заработка. Влегувањето на планетата на бизнисот во куќата на креативноста, по една година, на 30 септември ви носи успех во уметничка професија или јавна дејност.

Љубов: Со нагласена куќа на приватниот живот, во текот на овој период ве очекуваат семејни проблеми. Влегувањето на Меркур во куќата на љубовта и децата, на 30 септември, на слободните Ракови им носи љубов и можност за принова во семејството. Ретроградното движење на Венера во куќата на љубовта, од 3 октомври, ви носи контакт со поранешниот партнер.

Здравје: Зголемена нервоза по 30 септември.

Лав (23.7 22.8)

Фото: Pixabay

Работа: Вашиот владетел Сонцето, симболот на успехот, во куќата на комуникацијата ви носи заработка преку кратки патувања или нови договори. Марс, по две години, на 28 септември влегува во вашиот знак, носејќи ви прилив на енергија, елан и ентузијазам за остварување на целите. Ретроградното движење на Венера, планетата на парите, низ куќата на финансиите, од 3 октомври предупредува на финансиски проблеми и проблеми со недвижности.

Љубов: Меркур, планетата на комуникацијата, на 30 септември влегува во куќата на приватноста, носејќи семејни недоразбирања, кои ќе се интензивираат кога на почетокот на октомври ќе ѝ се придружи и планетата на емоциите. Тоа може да резултира со конфликти со жените во семејството. Слободните Лавови ги очекува средба со стара љубов.

Здравје: Чувствителен урогенитален тракт.

Девица (23.8 – 22,9)

Фото: Pixabay

Работа: Нагласената куќа на работата, низ која минува Сонцето, ве фокусира на заработката, но плановите ви ги попречува опозицијата со планетите на илузиите и ограничувањата во куќата на парите. По 30 септември, вашиот владетел Меркур, кој управува и со вашата кариера, влегува во знакот на својата егзалтација, носејќи ви успех на испити, во договори и преку кратки патувања. Кон крајот на неделата можни се проблеми во комуникацијата.

Љубов: Опозицијата меѓу Нептун, владетелот на партнерските односи, и Сонцето ви носи разочарување поради идеализирање на личност која премолчила дека е зафатена или на некој начин ве доведувала во заблуда. Влегувањето на Венера, планетата на љубовта, во куќата на комуникацијата на 3 октомври може да ви донесе контакт или средба со стара симпатија.

Здравје: Потреба за интроспекција по 28 септември.

Вага (23.9 – 22.10)

Фото: Pixabay

Работа: Опозицијата меѓу Сонцето во вашата куќа на личноста и Нептун и Сатурн, планети на заблуди и доцнења, ви носи промена на плановите. Влегувањето на Марс во куќата на парите, на 28 септември, ја поттикнува вашата креативност и организациски способности и ветува поголема заработка. Меркур во куќата на работата од 30 септември носи добивки, но ретроградната Венера од 3 октомври предупредува на вонредни трошоци.

Љубов: Напнатиот аспект со Хирон, симболот на слабата точка, во куќата на партнерството, на 30 септември повторно ги изнесува на површина старите проблеми во односот со саканата личност. Истиот ден, влегувањето на Месечината во куќата на љубовта, каде што веќе се наоѓа Уран, планетата на неочекуваните околности, ви носи ненадејна средба со харизматична личност.

Здравје: Чувствителен коскено-зглобен систем.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Фото: Pixabay

Работа: Вашиот владетел Марс на 28 септември влегува во куќата на кариерата, предупредувајќи на конфликти со колегите и претпоставените, особено со мажите. Меркур на 30 септември влегува во вашиот знак, носејќи ви нови контакти и можности за поголема заработка, но и поголеми трошоци. Ретроградното движење на Венера, планетата на парите, по една година, низ вашата куќа на личноста, од 3 октомври носи финансиски проблеми.

Љубов: Северниот Месечев јазол во куќата на приватниот живот на 28 септември прави тригон со планетата на комуникацијата во куќата на потсвеста, носејќи ви подобрување на односите со членовите на семејството. Владетелот на партнерските односи кон крајот на периодот тргнува ретроградно, носејќи ви контакт или средба со стара симпатија.

Здравје: Наспивајте се.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Фото: Pixabay

Работа: Сонцето ја осветлува вашата куќа на плановите и парите, носејќи можности за нови извори на заработка и успех во јавната дејност. По две години, на 28 септември, планетата на акцијата влегува во знакот на успехот, каде што се наоѓа и вашиот владетел Јупитер, симболот на благосостојбата и среќните околности. Тоа најавува поволно решавање на финансиски и правни прашања. Послушајте го советот на Водолија или Близнаци.

Љубов: Влегувањето на Марс, владетелот на љубовниот живот, во деветтата куќа на почетокот на периодот носи можност за заљубување на патување, во странство или преку социјална мрежа. Венера, владетелот на општествениот живот, тргнува ретроградно, што најавува повеќе дружења и излегувања, но и средби со поранешни емотивни партнери.

Здравје: Потреба за осаменост.

Јарец (22.12 – 20.1)

Фото: Pixabay

Работа: Владетелите на вашите финансии и работата, во куќата на кариерата, прават напнати аспекти со Нептун и вашиот владетел Сатурн, носејќи ви конфликти со претпоставените. Со Марс, планетата на акцијата, во куќата на парите од 28 септември ве очекуваат поголеми приходи, но и поголеми трошоци. Кон крајот на периодот, Меркур влегува во куќата на плановите, фокусирајќи ве на општествен или политички ангажман, но бидете внимателни.

Љубов: Влегувањето на Месечината, владетелот на партнерските односи, во деветтата куќа на 28 септември, на слободните Јарци им најавува запознавање со некого на патување или во странство. Планетата на љубовта, која управува со вашиот емотивен живот, на 3 октомври тргнува ретроградно низ куќата на општествениот живот, носејќи средба со поранешен партнер.

Здравје: Подложност на повреди на работното место.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Со нагласена деветта куќа ве очекува успех преку патувања, контакти со странци, образование, решавање правни прашања, потпишување договори, нови извори на заработка или унапредување на приватниот бизнис. Меркур, планетата на комуникацијата, по една година, на 30 септември влегува во куќата на кариерата, носејќи конфликти и проблеми со жените на работното место, особено од 3 октомври.

Љубов: Влегувањето на Марс, планетата на страста, но и на конфликтите, во куќата на бракот и партнерството, по две години, на 28 септември носи конфликти, недоразбирања, расправии, кавги и проблеми со саканата личност. Планетата на љубовта кон крајот на периодот тргнува ретроградно, повторно отворајќи ги проблемите од минатото.

Здравје: Дополнителна претпазливост во сообраќајот.

Риби (20.2 – 20.3)

Фото: Pixabay

Работа: Нагласената куќа на парите, во која се наоѓа и владетелот на вашата работа, во текот на овој период предупредува на финансиски проблеми. Од 30 септември, кога Меркур влегува во деветтата куќа, а особено од 3 октомври, кога тргнува ретроградно, можете успешно да ги решите заостанатите правни прашања или незавршените обврски поврзани со подолги патувања, испити или запишување на студии.

Љубов: Влегувањето на Месечината, владетелот на вашиот љубовен живот, во куќата на комуникацијата на 28 септември, најавува контакт или средба со Бик. Венера, планетата на љубовта, кон крајот на периодот тргнува ретроградно од осмиот степен на Скорпија, поврзан со страста и љубомората, носејќи можност за враќање на поранешниот партнер во вашиот живот.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.

Поврзани содржини