МАКРОН СО НЕТРПЕНИЕ ГО ОЧЕКУВА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Порака до земјите „од Балканот до Украина“

Каков прекрасен плебисцит за нашата Европска Унија - оваа желба да припаѓаме на Европа, област на мир и безбедност, демократија и просперитет - изјави Макрон.

128

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека Европа повторно се наоѓа во период во кој прашањата за мирот, безбедноста и иднината на Европската Унија добиваат клучно значење, истакнувајќи дека со нетрпение очекува нови земји да станат дел од европското семејство – „од Балканот до Украина“.

Во говорот што го одржа денеска во Мец, родниот град на Роберт Шуман, за врме на посетата на папаата Лав XIV, Макрон ја истакна желбата на европските земји кои сè уште не се членки на ЕУ да се приклучат кон Унијата, оценувајќи дека интересот за членство испраќа силна порака за привлечноста на европскиот проект.






– Каков прекрасен плебисцит за нашата Европска Унија – оваа желба да припаѓаме на Европа, област на мир и безбедност, демократија и просперитет – изјави Макрон.

Францускиот претседател го поврза прашањето за идното проширување со пошироките безбедносни предизвици со кои се соочува континентот. Според него, Европа денес функционира во значително поинакви околности од оние пред само неколку години, а војната повторно стана реалност на европска територија.

– Војната се врати на нашиот континент – порача Макрон, нагласувајќи ја потребата европските земји да работат на зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста.

Неговата порака за идни членки „од Балканот до Украина“ доаѓа во период кога проширувањето повторно зазема значајно место во европската политичка агенда. Земјите од Западен Балкан со години се дел од процесот на европска интеграција, додека во последните години процесот дополнително доби геополитичка и безбедносна димензија по руската инвазија врз Украина.

Европската комисија неодамна повторно порача дека Унијата „не е целосна без Западен Балкан“, најавувајќи дополнителен фокус на напредокот на земјите од регионот кон членство и нивната постепена интеграција во европските политики.

Поврзани содржини