ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ, НЕКОЛКУМИНА УАПСЕНИ Во тек е голема антитерористичка акција на МВР и АНБ

Од Обвинителството најавуваат повеќе детали по завршување на акцијата.

208

На повеќе локации во Скопје утрово се вршат претреси во заедничка акција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција појаснуваат дека приведени се повеќе лица поради сомнеж за тероризам.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот“, информираат од Обвинителството, од каде што најавуваат повеќе детали по завршување на акцијата.






Поврзани содржини