„МЕГА ЛИФТОВИ“ ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ „ОЛИВЕР СОКОЛОВ СОКОЛ“ Видеолотарија Касинос Австрија е партнер на турнирот во мал фудбал
На спортското игралиште во Карпош 1, синоќа се одигра финалниот натпревар од меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“. Екипата на „Мега лифтови“ со убедлива и сигурна игра ја совлада екипата на „Руди компани“ и го освои победничкиот пехарот на овогодинешниот турнир, информира Општина Карпош.
На големото финале присуствувал и градоначалникот Сотир Лукровски кој им ги врачил пехарите на најдобрите екипи.
– Чест ми е што Општина Карпош и годинава беше домаќин на меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, кој низ годините прерасна во препознатлив дел од спортскиот живот на општината. Посебно ми е драго што натпреварите беа проследени од голем број на граѓани, а тоа само го потврдува фактот дека спортот има посебно место во Карпош. Им честитам на победниците, но и на сите екипи кои беа дел од турнирот и покажаа фер-плеј и спортска атмосфера – истакна градоначалникот Лукровски.
27 дена фудбал, 40 екипи, полни трибини, големи ривалства и уште поголеми емоции, вака заврши 22. издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, кој синоќа кулминираше со спектакуларна финална вечер на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1.
Од првиот натпревар на 1 септември, па сè до големото финале на 27 септември, турнирот повторно го претвори „Сокол“ во центар на малофудбалските возбудувања. Финалната вечер беше вистинската круна на турнирот – исполнети трибини, гласна поддршка од публиката, жестока, но фер борба и атмосфера која потврди дека „Сокол“ одамна е многу повеќе од спортски турнир.
И оваа година, Видеолотарија Касинос Австрија беше партнер на Меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, продолжувајќи ја поддршката за настан кој со години ги обединува спортот, младите и локалната заедница.
– Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата, континуитетот и силната поддршка. Кога компаниите препознаваат дека спортот е важен за младите и за заедницата, тогаш не поддржуваат само турнир, туку помагаат да се гради традиција – рекоа организаторите.
За Видеолотарија Касинос Австрија, поддршката на „Сокол“ е дел од континуираната посветеност кон спортот и општествената одговорност.
– Спортот создава енергија, дисциплина, тимски дух и заедништво. Токму затоа ни е особено драго што и годинава сме дел од приказната на турнирот кој со својата традиција и атмосфера ги поврзува генерациите и му дава простор на спортот да биде дел од секојдневието на заедницата – порачаа од Видеолотарија Касинос Австрија.