📽️ ФУСТАНОТ НА ПЕЈАЧКАТА СЕ РАСПАДНА ПОД ДОЖДОТ Оливија Родриго направи необична промена на костимот среде настап

Белиот фустан што го носеше пејачката почна да се распаѓа под вештачкиот дожд, откривајќи впечатлив црвен костим под него.

86

Оливија Родриго ја започна својата нова „Unraveled Tour“ со необичен сценски момент кој веднаш привлече внимание. За време на изведбата на песната „The Cure“, пејачката застана под вештачки дожд, а нејзиниот бел фустан постепено почна да се распаѓа.

Родриго продолжи да пее додека пред публиката се одвиваше целата трансформација. Белиот фустан со јака и плисирано здолниште почна да исчезнува, откривајќи огнен црвен корсет-боди со мини-здолниште.






Моментот е внимателно осмислен и е поврзан со името на турнејата „Unraveled“. Трансформацијата се случува токму кога во песната Родриго ја пее фразата „I’m unraveled“, по што почнува да паѓа дождот и облеката реагира на водата.

Зад необичниот костим стои британско-кипарскиот дизајнер Хусеин Чалајан, кој креацијата специјално ја развивал за турнејата. Идејата, сепак, не е целосно нова. Чалајан сличен експеримент направил уште во 2016 година, во рамките на својата колекција за пролет/лето.

Тогаш на модната писта две манекенки застанале под тушеви, а белите надворешни слоеви на нивните креации почнале да се распаѓаат и да откриваат сосема различни фустани под нив. Чалајан и неговиот тим тогаш работеле околу шест месеци на развојот на материјалот што реагира на вода.

Кај Родриго, тој концепт е пренесен од модната писта на концертната сцена. Таа останува пред публиката во текот на целата трансформација, па пресоблекувањето станува дел од самата кореографија и настап, наместо пауза меѓу две песни.

Настапот се случи на 25 септември во „PeoplesBank Arena“ во Хартфорд, Конектикат, на првата вечер од новата турнеја. Родриго настапи со сет-листа од 23 песни, со материјал од „SOUR“ и „GUTS“, но и од нејзиниот трет албум „You Seem Pretty Sad for a Girl So in Love“.

Необичниот момент веднаш се прошири на социјалните мрежи. Фановите го споделуваа видеото од трансформацијата, а дел од коментарите беа во шеговит тон, со споредби дека материјалот изгледа како мокра тоалетна хартија.

„Unraveled Tour“ е нејзината прва голема концертна турнеја по „GUTS World Tour“.

Поврзани содржини