🎥 ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,4 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ ЈУГОТ НА ТУРЦИЈА Луѓе во паника бегаа од зградите

Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции, вклучитечно и во Газиантеб и Дијарбакир, каде на едно подрачје е регистрирано и пукање на земјата.

19

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени денеска ја погоди провинцијата Шанлиурфа во југоисточниот дел на Турција.

Според Одделот за земјотреси при турската Управа за вонредни ситуации и управување со кризи (УФАД), земјотресот се случил во 10:40 часот по локално време (08:40 по средноевропско време. Земјотресот бил на длабочина од 7,39 километри под површината на Земјата, со епицентар во округот Каракопру во провинцијата Шанлиурфа.






Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции, вклучитечно и во Газиантеб и Дијарбакир, каде на едно подрачје е регистрирано и пукање на земјата.

Граѓаните во паника ги напуштаа своите домови и деловни објекти и се собраа на отворен простор. Земјотресот бил снимен од камери, на чии снимки се гладаат граѓаните како бегаат по улиците.

Според извештаите, нема жртви и урнати згради, но се регистрирани оштетувања на куќи и штали во близина на епицентарот на земјотресот. Поради претпазливост, денеска е прекината наставата во сите училишта и градинки во провинцијата Шанлиурфа.

Поврзани содржини