НЕ Ѝ ТРЕБА ЦРВЕН ТЕПИХ, СИ ЗАСТАНА ЗАД САЕМСКИ ШТАНД Најмалата ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит ги продаваше своите цртежи, принтови и честитки на уличен саем
Вивиен Џоли, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, продавала свои цртежи, принтови и честитки на уличен саем во Лос Анџелес, со поддршка од братот близнак Нокс.
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, која има 18 години, на уличен саемот во Лос Анџелес на 19 септември настапила под името „The Tulip Fields“. На штандот имала принтови, налепници и честитки со свои цртежи и слики, а цените на дел од производите се движеле од 10 до 25 долари, односно околу 9 до 22 евра. Според фотографиите, Вивиен разговарала со посетителите и продавала дел од своите изработки.
На саемот не била сама. Нејзиниот брат близнак Нокс дошол да ѝ помогне при поставувањето на штандот, а во текот на денот ја фотографирал и ѝ давал поддршка. Двајцата се облечени сосема лежерно – Вивиен во црна маица и тексас комбинезон, а Нокс во бела маица и фармерки со везени цветови.
Уметноста не е нејзиниот прв допир со креативната индустрија. Во 2024 година Вивиен работеше со мајка си на мјузиклот „The Outsiders“, кој подоцна освои четири награди „Тони“. Анџелина тогаш зборуваше пофално за својата ќерка, велејќи дека Вивиен не се стреми да биде во центарот на вниманието, туку сериозно му пристапува на театарот и сака да им помага на другите креативци.
Во меѓувреме, Вивиен презема и правни чекори за промена на своето презиме. Таа во јули поднела барање од „Вивиен Маршелин Џоли-Пит“ да стане „Вивиен Маршелин Џоли“, наведувајќи „лични причини“. Барањето сè уште не е одобрено, а рочиштето е закажано за 2 ноември. Во мај 2024 година, пак, во програмата за „The Outsiders“ веќе беше потпишана како Вивиен Џоли.
Вивиен и Нокс се најмладите од шесте деца на Џоли и Пит, родени се во јули 2008 година, а Вивиен во последните години сè почесто се поврзува со театарот и уметноста, додека нејзиното појавување на уличниот саем покажа една сосема поинаква страна од нејзиниот живот – далеку од холивудските премиери и црвените теписи.