ВО ПРОГНОЗАТА НА ГРЧКАТА ТВ МЕГА МАКЕДОНИЈА СТАНА „СКОПЈЕ“ „То Понтики“ прозва пратеник на Мицотакис

Грчката ТВ Мега ја означи Македонија како „Скопје“ на мапата во временска прогноза, а зад неа стои Јанис Калијанос, метеоролог и пратеник на владејачката Нова демократија.

107

Осум години по Преспанскиот договор, Македонија повторно се појави како „Скопје“ на грчка телевизија. Другите балкански држави на мапата беа прикажани со своите имиња.

Случајот го забележа грчкиот неделник „То Понтики“, кој директно го прозва Јанис Калијанос. Тој ја презентира временската прогноза на Мега, но истовремено е и пратеник на владејачката Нова демократија.






„То Понтики“ пишува дека на мапата е прикажан речиси целиот Балкан, но само кај Северна Македонија е употребено името „Скопје“.

Грчкиот медиум оди и чекор понатаму и оценува дека тоа било направено намерно и дека ваквото именување е популарно кај дел од десничарската публика. Станува збор за оценка на „То Понтики“, а не за потврдена намера на Калијанос.

Праксата Грција неформално да ја именува Македонија како „Скопје“ и претходно беше позната.

Самиот Калијанос не го крие својот став.

„То Понтики“ потсетува дека по потпишувањето на Преспанскиот договор изјавил дека ќе продолжи соседната држава да ја нарекува „Скопје“.

Поврзани содржини