МИЦКОСКИ СО КАЈА КАЛАС И СО ЛИДЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Средби и дијалози за соработка остварени во Њујорк

Мицкоски учествуваше и на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин во Њујорк беше претседателот на Финска, Александар Стуб, на која се разговараше за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици.

116

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан, во Њујорк имаа средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

– Остваривме средба со Каја Калас, на која беа разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион – објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.






Премиерот Мицкоски имаше средби и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со премиерот на Косово, Албин Курти.

Мицкоски учествуваше и на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин во Њујорк беше претседателот на Финска, Александар Стуб, на која се разговараше за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици.

Мицкоски остварил и средба и разговор со претседателот Стуб, на која било истакнато значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

– Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција – напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

На средбата со премиерот на Република Косово, Албин Курти, се разговарало за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и заедничките предизвици и можности за развој на нашите две земји.

– Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог во насока на стабилен, поврзан и просперитетен регион – наведе Мицкоски.
Поврзани содржини