ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците од средбите со високи функционери на САД

Со чудење го гледам начинот на кој што нашата главна опозициска партија ги коментира таквите средби. Бидејќи, можноста државниот секретар Рубио, заменик државниот секретар Лендау, да не препознаат како еден од клучните партнери на САД, да имаме таква динамика на средби, тоа е во интерес на целата држава - не е во интерес само на една Влада, но тоа говори веројатно за нивната политичка кратковидост – вели Муцунски.

82

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа кои и се потребни на државата да ги реализира своите цели – вели во интервју за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е во македонската делегација која присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Говорејќи и за средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио, и други високи државни претставници, Муцунски потенцира оти тоа е значајно од билатерална гледна точка за нас, затоа што, како што нагласува, стратешкото партнерство и неговата иднина поврзана со конкретните проекти кои што веќе се договорени и тие што се договараат се суштински значајни за долгорочната и политичка и економска безбедност и стабилност на нашата држава.






– Во перидот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа кои и се потребни на државата да ги реализира своите цели. Таа соработка во фундаментот е поврзана со американскиот Стејт Депармент бидејќи таму се реализираат американските надворешно-политички приоритети. Исто така имавме одлична соработка и со трговскиот претставник на САД, со секретарот за трговија господинот Латник. Така да такви средби имало во голема мера, ќе продолжиме да ги остваруваме таквите средби. И тоа што мислам дека и е јасно на целата нашата јавност е дека независно од тоа што се ние мала држава и по територија и по население – го добиваме заслуженото внимание во Вашингтон. Тоа се гледа и по политичката комуникација, но и по посветеноста на САД поврзано за реализација на конкретни проекти од заемен интерес во нашата држава и тоа што е значајно во мултилатералниот свет. Многу е важно што имавме можност да се видиме со државниот секретар Рубио, со заменик државниот секретар Лендау, како што кажавте вие со целото раководство на американскиот Стејт Депармент. Тоа е значајно од билатерална гледна точка за нас. Затоа што стратешкото партнерство и иднината на стратешкото партнерство поврзано со конкретните проекти кои што веќе ги имаме договорено и тие што ги договараме се суштински значајни за долгорочната и политичка и економска безбедност и стабилност на нашата држава. Јас морам тука да ја искористам приликата да кажам дека со зачудување го гледам начинот на кој што нашата главна опозициска партија ги коментира таквите средби. Бидејќи на крајот на денот можноста државниот секретар Рубио, заменик државниот секретар Лендау, да не препознаат како еден од клучните партнери на САД, да имаме таква динамика на средби, тоа е во интерес на целата држава – не е во интерес само на една Влада, но тоа говори веројатно за нивната политичка кратковидост – вели Муцунски.

Во интервјуто Муцунски се осврнува и на евроинтеграциите и во тој контекст односите со Бугарија.

– Позициите кои што ние ги пренесуваме се апсолутно јасни, истакнати повеќе пати, а тоа е дека да, ние сакаме да тргнеме напред на патот кон Европската Унија, конечно да ја добиеме таа можност да ги отвориме преговорите, но исто така не сме подготвени по било која цена да прифатиме компромис кој што на државата не и обезбедува предвидливост. Затоа за нас е значајно во сите разговори кои што понатаму ќе ги имаме со Бугарија да има и вклученост на ЕУ – вели Муцунски.

Според него, дали тоа ќе значи вклученост на поединечни земји членки, дали ќе значи вклученост на европските институции, битно е да има минимум уште една страна во тој процес, што, како што вели, ќе помогне да почнеме да ја градиме довербата, која во момментов недостига.

Поврзани содржини