СЕ ЗАПАЛИ МАГАЦИН ЗА БОИ ВО БЛИЗИНА НА „ЖЕЛЕЗАРА“ Интервенираа 6 противпожарни возила и 20 пожарникари
Од Бригадата за ПП-заштита Скопје информираа дека пожарот е ставен под контрола.
Попладнево околу 17 часот изби пожар во деловни простории во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Од скопската Противпожарна единица велат дека станува збор за објект на приватна фирма.
Според Центарот за управување со кризи, станува збор за пожар кој избил на отворен простор во близина на магацин со бои. Според пријавата, објектот се наоѓа на булевар Александар Македонски бр. 67, а од ЦУК ја известиле Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која излегла на терен.
„На терен се 6 ПП возила со 20 пожарникари. Пожарот се уште се води како активен“ – информира ЦУК.
Од Бригадата за ПП-заштита Скопје информираа дека пожарот е ставен под контрола.