ДВОЈНИЧКА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ КРАДЕЛА ПО ПРОДАВНИЦИ Полициската фотографија на жена од Минесота стана вирална поради неверојатната сличност со пејачката

Полициската фотографија на 35-годишната Сирена Ен Кваст од Минесота стана вирална поради неверојатната сличност со славната пејачка. Жената е осомничена за кражба.

83

Фотографијата од апсењето на една 35-годишна жена од Минесота стана хит на социјалните мрежи откако корисниците забележале неверојатна сличност со Џенифер Лопез.

Сирена Ен Кваст од Сент Клауд била уапсена на 30 август во Монтесело, Минесота, поради сомнение дека од продавница украла два пакета со по две батерии за електрични алати, вредни околу 580 долари. Според кривичната пријава, вработен во продавницата ја препознал Кваст од кражба што се случила два дена претходно и повикал полиција.






Кваст наводно признала дека ги земала батериите, по што била обвинета за кражба од категоријата „gross misdemeanor“, односно посериозен прекршок според законодавството на Минесота. Од притвор била пуштена следниот ден.

Но, нејзиниот случај не стана вирален поради вредноста на украденото, туку поради фотографијата направена при апсењето. На неа Кваст толку многу потсетува на 57-годишната Лопез што дел од луѓето на интернет првично помислиле дека на фотографијата е самата пејачка.

Сличноста предизвика низа шеги на социјалните мрежи, а корисниците се пошегуваа и со песните на Лопез. Еден од коментарите се повикува на нејзиниот хит „Jenny from the Block“, додека други едноставно се чудеа колку многу жената личи на славната пејачка.

Според американските медиуми, Кваст и претходно имала проблеми со законот. Во нејзината историја има апсења поврзани со поседување дрога, возење во пијана состојба, бегство од полицијата, давање лажни податоци и различни сообраќајни прекршоци.

Џенифер Лопез досега јавно не се огласила за својата неочекувана двојничка.

 

Поврзани содржини