🎥 МОТОЦИКЛИСТ ВЛЕТАЛ ВО АВТОБУС ВО ДВИЖЕЊЕ ВО КОЛУМБИЈА Чудо го спасило
За среќа, задните врати на автобусот биле отворени во тој момент, па возачот бил катапултиран во внатрешноста на возилото.
Чудо го спасило мотоциклистот кој откако поминал на знак „стоп“ со полна брзина удрил во автобус во Колумбија.
Снимките од безбедносните камери од градот Буга, во западниот дел на земјата, покажуваат маж како вози со голема брзина низ раскрсница кога на 30 август удира директно во страничниот дел од автобусот.
За среќа, задните врати на автобусот биле отворени во тој момент, па возачот бил катапултиран во внатрешноста на возилото. На снимката од внатрешноста на автобусот тој може да се види зашеметен, но во свесна состојба. Извештаите на локалните медиуми велат дека тој не се здобил со сериозни повреди.