МАЈКА И ЌЕРКА ОД САРАЕВО ПОЧИНАА НА ОДМОР ВО ЦРНА ГОРА Двете умреле за помалку од еден час
Ќерката починала прва, а мајката помалку од еден час подоцна.
Мајка и ќерка од Сараево починаа додека беа на одмор во црногорскиот град Добра Вода.
Според информациите од Црна Гора, ќерката починала прва, а мајката помалку од еден час подоцна, објави Аваз.
Потврдено е дека во овој случај нема елементи на кривично дело. Прелиминарните наоди од обдукцијата покажаа дека причина за смртта кај двете жени е срцев застој.