СДСМ Е НА СТРАНАТА НА КИНА СО ХИСТЕРИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТРИТЕ Кој е интересот на опозицијата да ги минира нашите стратешки партнери САД?
Но, прашањето е што ги тера СДСМ и кој е нивниот интерес да бидат на иста линија со Кина и да се стават во функција против Америка, да шират хистерија, страв и паника во јавноста со единствена цел, граѓаните да ги свртат против можноста во државата да се градат центри за податоци кои кај нас би дошле како странска директна инвестиција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ е на иста страна со Кина во противењето на изградбата на дата-центри, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија тврди дека ставовите на СДСМ потсетуваат на ставовите на соц-демократите во САД кои креирајќи паника извршуваат агенда на бот-профили од Кина.
Од ВМРО-ДПМНЕ го соопштија следново:
„Хистеријата којашто изминатиот период СДСМ ја шири против евентуалната изградба на дата центри, е на иста линија со Кина и против технолошки најразвиената држава во светот и наш стратешки партнер, САД.
Во изминатиот период, слично како кај нас што прави СДСМ, и во САД, главно преку социјалните мрежи, се креира јавно мислење кое американскиот народ треба да го сврти против изградба на дата центри“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, неколку медиуми во Америка известуваат дека ваквото спротивставување против дата центри е организирано од Кина преку голем број профили од кинеска фарма за ботови кои на социјалните мрежи се обидуваат тивко да влијаат врз Американците.
„Тезите во објавите на овие ботови, се слични како и тие кои ги користи и СДСМ, дека вештачката интелигенција, односно изградбата на дата центрите го оптоварува електроенергетскиот систем, ги зголемува сметките за струја, а поединци ќе се богателе на сметка на јавниот интерес“.
Според пишувањата во американските медиуми, вели ВМРО-ДПМНЕ, Кина тоа го прави со намера на влијае врз својот најголем конкурент. Но, што е мотивот на СДСМ да биде против директна странска инвестиција од САД, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ му порачува на СДСМ дека обидите за креирање хистерија против стратешките партнери на Македонија, како САД, ќе бидат безуспешни и дека иднината на целиот свет е во информатичката технологија.