ДВЕ КАЗНИ ОД ПО 1.500 ЕВРА ЗА СРБИНОТ ШТО „ЛЕТАЛ“ НИЗ МАКЕДОНИЈА Два пати бил снимен како вози со над 160 на час

228

Српскиот државјанин Д.П. (34) доби две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци.

Тој беше приведен на 29.08.2026 во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека летово двапати возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.






На излез од државата, полициски службеници го уапсиле Д.П. откако при проверка на патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека во два наврати бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 22.07.2026 година, во 13:42 часот, на автопатот А1, во близина на Демир Капија, Д.П. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, а на 20.08.2026 година, во 19:40 часот, на истата делница, повторно управувал со брзина од 169 километри на час. Во двата случаја на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Д.П. бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка.

 

Поврзани содржини