РЕТКЛИФ ВО МОСКВА БАРАЛ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА Предложил тројна средба Путин-Трамп-Зеленски

Таков состанок е можен само за формализирање на договори. А тие договори во никој случај не се едноставен договор, туку многу сложен мировен процес кој опфаќа голем број детали - рече Песков пред новинарите.

567

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф, за време на тајната посета на Москва, предложил трилатерален состанок помеѓу претседателот на САД, на Русија и на Украина, објави американскиот портал Аксиос повикувајќи се на неименувани извори.

Тие тврдат дека Ретклиф требало да утврди дали претставниците на руските разузнавачки служби можат да помогнат во убедувањето на рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на обновување на преговорите со Украина со посредство на САД.






Администрацијата на Доналд Трамп и претходно предлагаше трилатерална средба. Идејата беше прифатена од украинскиот претседател Володимир Зеленски, но не и од Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да се одржи само доколку целта е формализирање на конкретни договори.

– Таков состанок е можен само за формализирање на договори. А тие договори во никој случај не се едноставен договор, туку многу сложен мировен процес кој опфаќа голем број детали – рече Песков пред новинарите.

Ретклиф, со тајната посета на Москва на 25 август, првпат се вклучува во дипломатските напори за придвижување на преговорите помеѓу Русија и Украина.

Директорот на ЦИА во Москва се сретна со директорот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин и директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников.

Преговорите помеѓу Русија и Украина, посредувани од администрацијата на Трамп, беа прекинати откако почна војната со Иран. Пратениците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, во изминатите неколку месеци одржаа одделни разговори со руските и украинските преговарачи, но постигнат е мал напредок.

Поврзани содржини