🎥 ХРВАТСКИОТ БОКСЕР ФИЛИП ХЕРГОВИЌ СТАНА СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА Во драматична борба го победи фаворизираниот Мозес Итаума

Иако 21-годишниот Британец доминираше во првите шест рунди и ја одржуваше контролата со прецизни удари, Хрговиќ го издржа притисокот.

0

Филип Хрговиќ стана првиот хрватски боксер кој ја освоил светската титула во тешка категорија, откако го победи Мозес Итаума со прекин во деветтата рунда во лондонската О2 арена.

Иако 21-годишниот Британец доминираше во првите шест рунди и ја одржуваше контролата со прецизни удари, Хрговиќ го издржа притисокот. Како што напредуваше борбата, Итаума почна да успорува, што хрватскиот боксер го искористи.






Во деветтата рунда, Хрговиќ го забрза темпото и го принуди Итаума да се откаже по серија удари.

– Тој е неверојатен. Ги губев сите рунди, тој беше многу брз, но од самиот почеток видов дека му снемува здив. Знаев дека морам да го изморам и да ја чекам мојата шанса – рече Хрговиќ.

Поврзани содржини