ЗА СДСМ И ФИЛИПЧЕ СЕКОЈА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА Е ПОВОД ЗА МАНИПУЛАЦИИ Наместо државниот го гледаат сопствениот интерес
Денес, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ разговара со сериозни потенцијални инвеститори за дата центри и дигитална инфраструктура, Венко Филипче повторно бара причина за критика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче и СДСМ повторно се обидуваат да создадат паника околу новите инвестиции и технолошкиот развој на Македонија. Интересно е што истите оние кои денес предупредуваат за секоја можна опасност од дата центрите, во времето кога беа на власт промовираа сосема поинакви приоритети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога СДСМ беше на власт, наместо Македонија да ја позиционира како центар за современи технологии и високотехнолошки инвестиции, во јавноста доминираше приказната за марихуаната и отворањето на тој сектор. Денес, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ разговара со сериозни потенцијални инвеститори за дата центри и дигитална инфраструктура, Филипче повторно бара причина за критика“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Разликата е очигледна, се додава во соопштението.
„ВМРО-ДПМНЕ разговара за дата центри, дигитализација, нови технологии и за инвестиции. СДСМ повторно разговара за стравови, сомнежи и политички конструкции. Очигледно е дека за СДСМ секоја нова инвестиција во Македонија е причина за политички аларм, затоа што тие се фокусирани само на сопствените интереси, наместо да се фокусираат на придобивките кои може да ги има државата од развојот на современа дигитална инфраструктура. Но, Македонија мора да биде конкурентна и да ги следи современите технолошки трендови. Дата центрите се дел од дигиталната инфраструктура на современите економии и можат да донесат инвестиции, дополнителен развој на ИТ и технолошкиот сектор. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде земја во која се инвестира, се развива технологијата, се отвораат нови работни места и повеќе можности за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.