„ТРИСТАН ЗАСЕКОГАШ“ ГО ОСВОИ „КРОМИДОТ“ Главната награда на „МакеДокс“ за филмот на Ноле и Бонардо

Жирито едногласно го избрало „Тристан засекогаш“ за најдобар долгометражен документарен филм. Седум од осумте вечери на 17. „МакеДокс“ биле со распродадени билети.

0

„Тристан засекогаш“ на Тобијас Ноле и Лоран Бонардо ја освоиглавната награда на 17. „МакеДокс“. Жирито едногласно му го доделило „Кромидот“ за најдобар долгометражен документарен филм.

Одлуката ја донела комисијата во состав Алфонсо Ривера, Маја Крајнц и Рахул Џаин.






Жирито оценило дека „Тристан засекогаш“ го разоружува гледачот уште од почетокот. Особено го издвоило балансот меѓу психолошката изолација и чувството на припадност.

Фестивалот заврши со доделувањето на наградите во Куршумли ан. Седум од осумте фестивалски вечери беа со распродадени билети, истакна извршниот директор Дарко Набаков.

Седумнаесеттото издание на „МакеДокс“ се одржа од 20 до 27 август под мотото „Само сонот е стварност“.

Наградата за најдобри етички идеи ја доби „Од црвени фенери до рефлектори“ на Бипулџит Басу. Посебно признание во оваа категорија доби „Земјата Кикују“ на Беа Вангондју и Ендру Браун.

„Млад кромид“, наградата за најдобар филм во категоријата „Нови автори“, му припадна на „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Посебно признание доби „Имаго“ на Дени Умар Пицаев.

„Сечкан кромид“ за најдобар краток документарен филм го освои„Роење птици“ на Ксавиер Марадес. Жирито му доделило посебно признание на „Отворено поле“ на Тебохо Едкинс.

Студентската награда „Кокарче“ ја доби филмот „Здраво ново тело, како си денес?“ на Лаура Канси.

Статуетките за наградените автори ги изработил уметникот Глигор Кузмановски. Вечерта била посветена на Влатко Милев – Циги, љубител на документарниот филм и пријател на „МакеДокс“.

 

 

Поврзани содржини