ЦРНИОТ БИЛАНС РАСТЕ, НЕПАЛ ОДБИВА СТРАНСКИ СПАСУВАЧИ Повеќе од 500 загинати, се трага по 1.500 исчезнати

Стотици странски државјани се меѓу исчезнатите по катастрофалните поплави во хималајскиот регион. Повеќе земји сакаат да испратат спасувачи, но Катманду вели дека домашните служби засега можат сами да ја водат потрагата.

0

Повеќе од 500 луѓе загинаa во катастрофалните поплави во регионот на Хималаите кај Непал и Тибет, а над 1.500 сè уште се водат како исчезнати. Меѓу нив има стотици странски државјани.

Непал, сепак, засега не сака странски спасувачки тимови по големите поплави. Повеќе земји понудиле помош и бараат пристап до погодените подрачја за да ги бараат своите државјани.






Според податоците што ги пренесува АФП, бројот на загинати во Непал достигнал 538. Кинеските државни медиуми пријавиле уште 5 жртви на тибетската страна од границата. Со тоа, вкупниот биланс во погодениот регион достигна најмалку 543 загинати.

Само неколку часа претходно се пишуваше за 469 жртви.

Стотици странци без трага

Меѓу исчезнатите има државјани од десетици земји. Индија не успеала да воспостави контакт со 288 свои државјани. Меѓу нив се 73 лица кои работеле на енергетски проект.

Американските власти трагаат по 90 свои државјани во Непал и во Кина. Тројца Американци биле спасени.

Се трага и по 55 Украинци, меѓу кои се две туристички групи со вкупно 47 лица. Исчезнати се и 51 Малезиец, 39 Австралијци, 33 Британци и 25 Канаѓани.

Кина соопштила дека речиси 100 нејзини државјани исчезнале на непалската страна од границата.

Бројките постојано се менуваат. Спасувачите пронаоѓаат нови групи луѓе, а комуникацијата постепено се обновува со отсечените области.

Непал може сам?

Понуди за испраќање спасувачки тимови пристигнале од повеќе земји. Непалските власти, сепак, соопштиле дека во оваа фаза не им е потребна таква помош.

– Природно е да се понуди помош. Нашите безбедносни служби спроведуваат операции за пребарување и спасување. Засега не ни е потребна таква помош – изјавил портпаролот на непалското Министерство за надворешни работи, Лок Бахадур Чхетри.

Индија, Кина, САД, Велика Британија, Јапонија, Јужна Кореја, Шри Ланка и Бангладеш побарале да испратат свои спасувачки тимови, објавил „Катманду пост“.

Јужна Кореја соопштила дека ќе продолжи да разговара со Непал за испраќање спасувачи.

Одбивањето се однесува на странски екипи за пребарување и спасување. Тоа не значи дека Непал ја одбива целата хуманитарна помош.

САД веќе испратиле повеќе од два и пол тони храна. Во погодените области се распределуваат 500 ќебиња, 500 мрежи против комарци и 500 изолациски покривки.

Европската Унија обезбедила два милиони евра хуманитарна помош. Средствата се наменети за храна, здравствена заштита, вода и санитарни потреби.

Езерото повторно ја крена тревогата

Потрагата по исчезнатите беше привремено прекината поради опасност од нов бран. Имено, делумно почна да се излева езерото над Непал за кое експертите предупредуваа дека ја надминува својата природна брана.

Часови претходно кинеските власти со камери ја следеа состојбата на езерото. Утринава, 28 август, почна да се излева езерото.

Подоцна во текот на денот, спасувањето продолжи откако било утврдено дека нивото на водата се намалува и дека нема прелевање.

Опасноста, сепак, не исчезнала. Властите предупредиле на можни нови лизгања на земјиштето и поплави.

Татко исчезнал час по последниот разговор

Зад огромните бројки остануваат семејства кои чекаат каква било информација.

Сани Пател последен пат разговарал со својот 72-годишен татко Џитендра околу еден час пред катастрофалните поплави. Неговиот татко патувал со група пријатели на хиндуистичко поклонение кон планината Каилаш.

– Колку што знаеме, мојот татко преминал во Тибет, затоа бил во Кина, и навистина не добивме многу информации оттаму – изјавил Пател за Ен-би-си њуз.

Потоа го опишал чекањето што трае со часови.

– Тешко е кога живееш вака минута по минута. Само гледаш во телефонот и чекаш некој да те повика – рекол тој.

Поврзани содржини