ТЕНЗИЈА НА БУЛЕВАРОТ ТУРИСТИЧКА ВО ОХРИД Му го нападнале синот, им вперил воздушна пушка

Неколку лица физички нападнале малолетник, а меѓу нив имало и лице со пиштол. Полицијата го привела таткото откако вперил воздушна пушка кон групата.

1

Неколку лица физички нападнале малолетник на булеварот Туристичка во Охрид. Меѓу нив имало и лице со пиштол. Таткото на момчето потоа вперил воздушна пушка кон групата, се вели во билтенот на охридската полиција.

Инцидентот се случил на 27 август околу 22.15 часот. Полицијата го лишила од слобода П.С., 47-годишен жител на Охрид.






Според пријавата во СВР Охрид, неколку лица физички го нападнале неговиот малолетен син. Едно од лицата било со пиштол.

П.С. вперил воздушна пушка кон неколкумина од групата. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини