ДВЕ ДЕЦА СЕ МЕЃУ ТРОЈЦАТА ЗАГИНАТИ МАКЕДОНЦИ ВО СЛОВЕНИЈА Полицијата во Копер испратила допис до амбасадата во Љубљана

Македонското МНР вели дека случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

0

„Во незгодата во Словенија животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани“.

Вака информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија откако македонската Амбасада во Љубљана добила допис од словенечката полиција.






Македонското МНР вели дека случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

Претходните информации покажаа дека во автомобилот имало пет македонски државјани.

Според првичните информации, камион поради дефект бил запрен во ниша покрај автопатот. Автомобилот удрил во задниот лев дел од неговата приколка.

Лекар констатирал смрт кај три лица на местото на несреќата. Еден од повредените бил пренесен со хеликоптер, а возачот со Итната медицинска помош.

🎥 ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА, ДВАЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО СЛОВЕНИЈА Удриле во камион кој запрел поради дефект

 

Поврзани содржини