ПОПЛАДНЕ ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ РАСИПЕ За викендот е најавено невреме со услови за град
Сончево и жешко време со температура до 39 степени се очекува денеска, но попладне наместа ќе има пороен дожд и грмежи. УХМР за викендот најавува локално невреме со силен ветер и услови за град.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 39 степени.
Викендов претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, информира УХМР.