ПОЧНА ДА СЕ ПРЕЛЕВА ЕЗЕРОТО НАД НЕПАЛ Мештаните бегаат од нова катастрофа, спасувањето е прекинато

Опасноста за која властите предупредуваа пред само неколку часа почна да се остварува. Нивото на водата расте, а езерото зад природната брана содржи повеќе од два милиони кубни метри вода. Новата опасност го запре и спасувањето.

2

Мештаните во непалскиот округ Расува бегаат кон повисоките места. Езерото на тибетската страна од границата за кое се сметаше дека преставува нова опасност по поплавите почна да се прелева, а нивото на водата низводно расте, пренесува хрватски Индекс.

Непалската полиција соопшти дека водата веќе го пробила брегот на езерото. Кинеските државни медиуми претходно ја објавија истата информација со локација од езерото.






Високиот окружен службеник Нарендра Паријар рече дека и самиот гледа како расте нивото на водата.

Сведоци известуваат дека жителите трчаат кон ридовите. Стравуваат од нов поплавен бран по катастрофата што веќе го погоди регионот и однесе најмалку 475 животи.

Агенцијата Синхуа наведува дека околу езерото се поставуваат камери за надзор, за да можат властите попрецизно да ја следат ситуацијата во наредните часови.

Два милиони кубици над границата

Езерото се формирало зад природна брана по свлечиште на тибетската страна. Кинеската телевизија ЦЦТВ објави дека содржи повеќе од два милиони кубни метри вода. Се наоѓа на околу 10 километри од граничниот премин Ѓиронг.

Новата опасност го запре и спасувањето. Непалската армија привремено ги прекина операциите со хеликоптери во Расува.

Спасувачките операции претходно беа прекинати и на тибетската страна. Кинеските власти со часови го следеа растот на водата по обилните дождови.

Бројот на загинати во поплавите во Непал во меѓувреме се искачи на 475. Непалската армија соопшти дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области.

Стотици жртви, стотици исчезнати

Бројот на загинати во Непал во меѓувреме се искачи на 475. Повеќе од 550 луѓе се водат како исчезнати на тибетската страна, меѓу кои и 260 странци.

Непалската армија соопшти дека спасила 900 луѓе од Расува, Нувакот и од другите најтешко погодени области. Меѓу нив има 119 странски државјани, од кои 92 се Индијци.

Поплавите оштетија 80 мостови и околу 40 километри асфалтирани патишта.

📽️ ПО КАТАСТРОФАТА, НОВА ОПАСНОСТ ВИСИ НАД НЕПАЛ Езеро со 2 милиони кубни метри вода може да ја пробие природната брана

Поврзани содржини