СПРЕЧЕНА КАТАСТРОФА ВО ТЕТОВО, ОГНОТ ИМ СЕ ДОБЛИЖИЛ НА КУЌИТЕ! Пожарникарите вложија натчовечки напори

На земја, тетовските пожарникари водеа директна битка на исклучително тежок и непрооден терен. За да стигнат до пламените јазици, тие мораа рачно да извлечат противпожарна линија од камионот во должина од 300 до 400 метри низ стрмнини и густи грмушки.

32

Полициски хеликоптер и тетовските противпожарни екипи денеска околу 11 часот спречија катастрофа во населбата Дреноец, ставајќи го под контрола опасниот пожар во Тетово кој изби во близина на куќите над православните гробишта.

Огнот се ширеше со голема брзина кон шумата и тетовското Кале, но по девет прецизни воздушни налети и влечење црева по стрмниот терен, огнената стихија е совладана, информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов,






Според него, огнот пламнал ненадејно меѓу куќите на работ од населбата Дреноец и веднаш почнал да се шири кон ридот и густата вегетација во насока на Калето.

– Полицискиот хеликоптер фрли вода во девет наврати директно врз критичните точки. Ваквото дејство од воздух беше пресудно да се сопре фронтот на огнот пред да зафати поголема шумска површина на Шар Планина.

На земја, тетовските пожарникари водеа директна битка на исклучително тежок и непрооден терен. За да стигнат до пламените јазици, тие мораа рачно да извлечат противпожарна линија од камионот во должина од 300 до 400 метри низ стрмнини и густи грмушки.

По запирањето на главното ширење, пожарникарите со напрсници и метли се искачија од горната страна на ридот за целосно доизгаснување на скриените жаришта. Локалното население исто така се вклучило во првите минути од пожарот за да помогне во спасувањето на куќите.

Првичните информации од терен укажуваат дека пожарот настанал поради детска игра, откако биле запалени сунгери во близина на објектите, по што пламенот за неколку секунди се проширил на сувата трева – рече Стојанче Ангелов.

Поврзани содржини