ВО 4 ТЕТОВСКИ СЕЛА ВОДАТА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ Анализите покажале дека не е безбедна
Се повикуват сите жители да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење, сè до добивање резултати кои ќе потврдат дека водата е безбедна за употреба.
Водата во четири тетовски села е забранета за пиење, откако анализите покажале дека не ги исполнува стандардите за употреба, соопшти градското комунално претпријатие.
„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица дека, по извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено оти водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење. Поради тоа, се забранува користење на водата за пиење сè до следното известување од надлежните институции”, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие ЈКП „Шар“.
„Шар“ не е надлежно за водоснабдувањето на овие села, бидејќи тие не се снабдуваат со вода од градскиот водоснабдителен систем на Тетово со кој управува претпријатието.
Но, како што велат, поради важноста на ситуацијата и заради заштита на јавното здравје, се повикуват сите жители да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење, сè до добивање резултати кои ќе потврдат дека водата е безбедна за употреба.