ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ВО ОПАЃАЊЕ ПО ПИКОТ СО 11 СЛУЧАИ На неделно ниво има намалување на нови случаи

Пикот на западнонилската треска бил достигнат во 33. недела со 11 случаи, а здравствените власти сега бележат тренд на намалување на неделно ниво, информираше министерот за здравство.

24

На неделно ниво веќе има тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Кочински од Институтот за јавно здравје, кој рече дека во 33-тата недела имало пик со 11 случаи, а оттогаш во 34-тата недела бројот се намалува.






– Во Драчево има јасна причинско-последична врска со земјеното прскање на критичните зони. Се надевам дека следна цел ќе биде и реката Серава бидејќи поминува низ две општини и е поврзана со случаите. Благодарение на вонредните прскања во Драчево (вкупно три), од 9 август наваму немаме нови случаи од Драчево. Со двете прскања во Гази Баба на каналскиот систем очекувам и таму жариштата да бидат ставени под контрола. Во иднина ќе треба прскањето да се одвива посистематски и во следните пет години да се префрлиме од воздушно кон таргетирано земјено прскање на ризичните зони – додаде Клековски.

Поврзани содржини