📽️ МУ РЕКЛЕ ДА СЕ ИСЕЛИ, УПАДНАЛ НА ВЕЧЕРА И ИЗВРШИЛ МАСАКР Американец си ја убил фамилијата, па си пресудил

Жртвите биле од четири генерации, од прабаба во деведесеттите години до седумгодишно девојче, а напаѓачот подоцна починал од самонанесена прострелна рана.

3

Семејна неделна вечера во американската сојузна држава Монтана се претворила во масакр во кој биле убиени 8 членови од едно семејство. Меѓу жртвите имало четири деца, а најмладата жртва била седумгодишно девојче.

Напаѓачот бил 44-годишниот Алан Смит. Неговите родители само неколку недели претходно побарале од него да се исели од семејната куќа.






Смит во неделата неочекувано се вратил во домот во Билингс, каде што семејството било собрано на традиционалната неделна вечера.

Тогаш почнал масакрот.

 

4 генерации убиени во една вечер

Жртвите биле членови на четири генерации од истото семејство. Највозрасна била прабаба во деведесеттите години, а најмладата жртва имала само 7 години.

Меѓу убиените биле бабата и родителите на Смит, неговата помлада сестра и 4 деца.

Полицајците пристигнале пред куќата во неделата вечерта. Од задниот дел на имотот се слушале истрели, а куќата потоа ја зафатил пожар.

Пукал во себе

Смит бил пронајден со прострелна рана за која властите сметаат дека самиот си ја нанел.

Подоцна починал.

Истрагата продолжува, а мотивот за масакрот засега не е официјално утврден. Истражителите ги проверуваат и околностите под кои избувнал пожарот во куќата.

Поврзани содржини