ДОГОВОРИЛ СЕКС ЗА 140 ДОЛАРИ, НО НАМЕСТО ЖЕНА ГО ЧЕКАЛА ПОЛИЦИЈА Газдата на Лидс и Ренџерс во центарот на скандал

Американскиот бизнисмен бил уапсен по договор преку интернет за сексуални услуги, а по плаќањето на кауцијата бил пуштен да се брани од слобода.

126

Џед Јорк, американскиот милијардер и бизнисмен поврзан со англискиот Лидс и шкотскиот Глазгов Ренџерс, но и со НФЛ-клубот Сан Франциско, е уапсен во Охајо под обвинение поврзано со проституција, објавија американски медиуми.

Јорк е главен сопственик и на НФЛ-клубот Сан Франциско 49ерс, а преку „49ers Enterprises“ има удел во Лидс Јунајтед и е дел од конзорциумот што поседува мнозински удел во Глазгов Ренџерс.






Според информациите, Јорк преку интернет контактирал со жена која нудела сексуални услуги и наводно се договорил да ѝ плати 140 долари.

По договорот, тој пристигнал на локација во кампот „Вит Хил“, каде што, наместо жената со која комуницирал, го пречекале полициски службеници.

Јорк бил уапсен во рамки на полициската акција, а дополнителен проблем за него било и обвинението поврзано со неовластено поседување оружје.

 

Според американските медиуми, бизнисменот бил пуштен да се брани од слобода откако платил кауција од 5.000 долари.

Покрај тоа, му биле изречени и парични казни од 150 долари за нарушување на јавниот ред и мир и 1.000 долари во врска со оружјето.

Случајот привлече големо внимание во спортската јавност поради врската на Јорк со два познати европски фудбалски клуба.

Поврзани содржини