ТЕШКО ПОВРЕДЕНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НА КЛИНИЧКИ Паднала додека била на работа
37-годишната медицинска сестра паднала додека ги извршувала работните задачи, а полицијата извршила увид.
Медицинска сестра (37) од Скопје е тешко повредена откако паднала додека ги извршувала работните задачи во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Несреќата се случила во понеделникот вечерта, а случајот во полицијата бил пријавен околу 23:10 часот.
Според пријавеното, 37-годишната М.С., која работи како медицинска сестра на една од клиниките во комплексот, паднала додека била на работното место.
Таа се здобила со тешки телесни повреди и била згрижена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а се утврдуваат околностите под кои дошло до падот.