ИВАНКА ТРАМП ПАДНА ОД ДАСКАТА, НО НЕ СЕ ОТКАЖА Ќерката на американскиот претседател веќе неколку години се враќа во Костарика поради една од омилените активности

Иванка Трамп повторно ужива во брановите во Костарика, а овојпат папараците ја снимија како паѓа од даската за сурфање – но и како веднаш продолжува да се обидува.

129

Иванка Трамп, 44-годишната ќерка на американскиот претседател деновиве беше фотографирана како сурфа на една од плажите во Костарика. Облечена во бел горен дел од опрема за сурфање и црн долен дел, таа успева да застане на даската, да фати неколку бранови и да покаже дека очигледно веќе има искуство со овој спорт. Во еден момент сепак изгубила рамнотежа и завршила во водата.

Падот, воопшто не ја обесхрабрил. Иванка повторно се качила на даската и продолжила со сурфањето, а на фотографиите е видлива и насмевката на нејзиното лице. Во еден момент дури им упатила на фотографите сурферски поздрав.






Нејзиниот престој во Костарика, според податоците на костариканската Дирекција за миграција, траел од 20 до 24 август.

Ова не е првпат Иванка да дојде во Костарика поради сурфањето. Таа во оваа земја патува повеќе години, а во април 2025 година земала и приватни часови по сурфање на Playa Hermosa de Cóbano. Тогаш со неа биле членови на семејството и пријатели.

Интересно е што сопственикот на локалната школа за сурфање тогаш открил дека Иванка и нејзиното семејство со нив земале часови повеќе од три години. Тоа покажува дека нејзиното појавување на даската не е само туристички обид – таа очигледно веќе подолго време се обидува да ги усоврши сурферските вештини.

Костарика очигледно има посебно место во нејзините семејни одмори. Во 2025 година Иванка опиша дека со своите најблиски сурфала, се возела со зиплајн низ шумата, одела до водопадите, читала и уживала во деновите поминати далеку од секојдневието. Во земјата, според костариканскиот весник „La Nación“, престојувала и во 2022, 2023 и 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Иванка, која е мајка на три деца и сопруга на Џаред Кушнер, последниве години во голема мера се повлече од формалната политичка улога што ја имаше за време на првиот мандат на нејзиниот татко во Белата куќа. Денес повеќе внимание посветува на семејството, патувањата и сопствените деловни и филантропски активности.

 

Поврзани содржини