📽️ ТОРНАДО РУШЕШЕ КУЌИ ВО ФРАНЦИЈА, СТРАШНИ СНИМКИ ГО ОБИКОЛИЈА СВЕТОТ Бремена жена повредена откако врз неа се урнала куќа, десетици луѓе во болница

Силното невреме предизвика хаос во јужниот дел на Франција, со прекини на струја, затворени патишта и проблеми во воздушниот и железничкиот сообраќај.

121

Француските власти прогласиле портокалово ниво на предупредување поради силното невреме во делови од југозападниот дел на земјата. На повеќе места имало прекини на електричната енергија, проблеми во сообраќајот и оштетувања на инфраструктурата.

Најтешко било погодено селото Помас, со околу 1.000 жители. Торнадото оштетило околу 300 куќи, а на терен биле испратени повеќе од 120 припадници на итните служби.

 






Петнаесет лица биле пренесени во болница. Меѓу повредените е и бремена жена врз која се урнала куќа. Нејзиниот сопруг за Франс прес изјавил дека таа била повредена во несреќата.

Силното невреме предизвикало сериозни проблеми и во сообраќајот. Во департманот Од била откажана третата етапа од велосипедската трка „Вуелта а Еспања“, бидејќи невремето ги принудило натпреварувачите да побараат засолниште.

Според француската метеоролошка служба Метео-Франс, во блиското село Аркет-ан-Вал биле измерени ветрови со брзина до 117 километри на час.

Невремето низ јужна Франција предизвикало застои во железничкиот и патниот сообраќај. Биле одложени возови, затворени патишта, а имало доцнења и откажувања на летови на аеродромите во Бордо, Марсеј, Ница и Тулуз, како и во Париз.

 

Властите соопштија дека околу 2.800 домаќинства во 10 села останале без електрична енергија.

Франција во просек годишно бележи неколку десетици торнада. Според „Метео-Франс“, сè уште не е јасно какво е влијанието на глобалното затоплување врз нивната зачестеност и интензитет.

Поврзани содржини