КОПИЈА НА ТАТКО МУ Синот на Владо Калембер и Ана Рухнер наполни 20 години

Ана Рухнер му го честиташе роденденот на синот на својот Инстаграм профил објавувајќи фотографија од младиот Дариан на која се гледа дека е тој буквално копија на неговиот славен татко, Владо Калембер. Инаку, интересно е и тоа што младиот Калембер веќе гради сопствен музички пат.

156

Дариан Калембер, синот на познатата виолончелистка Ана Рухнер и легендарниот хрватски пејач Владо Калембер, го прослави 20-тиот роденден, а фотографијата што ја објави неговата мајка повторно ги потсети сите на неверојатната физичка сличност со татко му.

– Среќен роденден, фраеру! Те љуби и те сака мајка – напиша Ана на Инстаграм покрај црно-белата фотографија на Дариан, кој позира во автомобил. Како посебен детаљ, во позадина ја ставила песната „Ljubio bih, nemam koga“ на неговиот татко Владо Калембер.






Ана и самата во минатото зборувала за сличноста на синот со неговиот татко.

– Физички многу личи на Владо, но секако има и нешто од мене. Колку што е постар, толку појасно ги гледам моите нешта кај него – открила таа. Но, Дариан не останал само на физичката сличност со славниот татко. Младиот Калембер годинава направи и сериозен музички чекор – настапи со Владо и „Сребрена крила“ на CMC фестивалот во Водице, како член на бендот. Во интервју за „Story“ во пресрет на фестивалот, тој откри дека музиката почнал посериозно да ја открива на 15 години.

Претходно, Дариан открил дека уште од 12 години го интересирале електрониката и истражувањето нови работи, но на 15 години го открил светот на музиката и решил да продолжи таму каде што неговите родители веќе оставиле трага.

– Морав да го завршам она што тие всушност го започнаа – рекол тој.

За своите славни родители Дариан зборува отворено, признавајќи дека не е лесно да се расте како дете на разведени родители. Сепак, тој нагласил дека му значи што Ана и Владо останале во добри односи и дека, без оглед на сè, секогаш продолжуваат напред.

И додека денес сите коментираат колку Дариан личи на татко му, Владо Калембер одамна не крие колку му значи синот. Во едно интервју тој го нарекол својата најголема љубов во животот и раскажал дека присуствувал на неговото раѓање во 2006 година, опишувајќи го моментот како дотогаш непознато и неверојатно чувство на среќа.

Поврзани содржини