АЛБАНЦИТЕ СЕ НАЈБРОЈНИ СТРАНЦИ ВО БРИТАНСКИТЕ ЗАТВОРИ Во Албанија за 3 години биле префрлени само 13 лица

Велика Британија и Албанија договориле трансфер на 200 затвореници, но за 3 години биле префрлени само 13. Околу 940 Албанци остануваат во англиските затвори.

436

Албанците во последните 7 години биле најбројни меѓу странските државјани во британските затвори, објави „Сан“. Во моментов зад решетки во Англија има околу 940 Албанци.

Голем дел од нив се осудени за вмешаност во продажба на кокаин или одгледување канабис.






Британија и Албанија склучиле договор вреден 8 милиони фунти. Планот предвидувал 200 албански затвореници да бидат префрлени во Албанија и таму да ги доиздржат казните.

Реализацијата, сепак, значително заостанала. Последните 3 години биле префрлени само 13 затвореници.

Причината се поврзува со доцнењата во албанските судови. Тие треба да ги признаат пресудите на британските судови за затворениците што влегуваат во постапката за трансфер.

Британските власти имаат и финансиски мотив за забрзување на процесот. Еден затвореник ја чини Британија околу 56.000 фунти годишно.

Поврзани содржини