ИСПРСКАЛ ЛУЃЕ СО ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ ВО КУЌА ВО ОХРИД Полицијата уапсила 71-годишник на плоштадот

Инцидентот се случил во куќа во Охрид. Потоа поолицијата го уапсила 71-годишникот на плоштадот Крушевска Република.

0

Охридската полиција вчера го уапсила 71-годишниот Б.К. од Скопје по инцидент во куќа во Охрид.

Според пријавата, скопјанецот се однесувал агресивно и му се заканувал на 28-годишниот М.Ј. од Кичево и на други присутни лица. Потоа ги испрскал со запалива течност.






Полицијата го уапсила во 18:30 часот на плоштадот Крушевска Република во Охрид.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност.

Поврзани содржини