ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ ПОЛОВО ЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ НА РАБОТА Кривична пријава против 61-годишник од Желино

Мажот повеќе од еден месец секојдневно влегувал во продажниот објект и ѝ упатувал недолични зборови кога жената била сама.

187

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Желино поради сомнение дека подолг период полово ја вознемирувал жена на нејзиното работно место, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, А.А. повеќе од еден месец секојдневно влегувал во продажниот објект каде што работела жената и, во моменти кога таа била сама, ѝ упатувал недолични зборови.






МВР посочува дека станува збор за сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, поради што против 61-годишниот жител на Желино е поднесена кривична пријава.

Случајот е во надлежност на институциите, кои треба да ги утврдат сите околности и факти поврзани со пријавеното однесување.

Поврзани содржини