СЕДНАЛ ПИЈАН ЗАД ВОЛАН И УДРИЛ ВО МОТОР Мотоциклист тешко повреден, сопатничката во болница

МВР информира дека во сообраќајката учествувале автомобил „пежо“ и мотоцикл „хонда“, а кај 68-годишниот возач на автомобилот биле измерени 1,19 промили алкохол.

34

Тешко е повреден 30-годишен мотоциклист, а со телесни повреди се здобила и неговата 22-годишна сопатничка, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 22:31 часот во ОВР Свети Николе. Во неа учествувале патничко возило „пежо“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Љ.Д. од Свети Николе, и мотоцикл „хонда“, исто така со светиниколски регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот С.П. од селото Преод.






Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговата 22-годишна сопатничка В.С. од Свети Николе била повредена.

Повредите кај двајцата биле констатирани во болницата во Штип.

По извршениот увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, било утврдено дека возачот на „пежото“ управувал под дејство на алкохол.

Алкотестирањето покажало присуство на 1,19 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини