СУЗАНА МАНЧИЌ ОТКРИ КОЛКАВА ПЕНЗИЈА ЗЕМА ПО 50 ГОДИНИ КАРИЕРА „Некогаш имаш пари па си дозволуваш нешто што го сакаш, но и да немаш не е страшно“

Поранешната „Лото девојка“ не се жали, таа вели дека од пензијата може да се живее, особено ако човек работи и нешто дополнително или ако има заштедено, како што штедела таа во текот на годините

185

Сузана Манчиќ (69), една од најпознатите телевизиски личности од поранешна Југославија, повторно се најде во центарот на вниманието поради својата пензија.

Поранешната „Лото девојка“, која со децении беше едно од најпрепознатливите лица на телевизијата, открила дека нејзината пензија изнесува околу 450 евра. Сумата предизвикала големо изненадување во јавноста, особено ако се има предвид нејзината повеќедецениска кариера.






– Некогаш имаш пари па си дозволуваш нешто што го сакаш, но и да немаш не е страшно. Страшно е кога немаш за лекови, за некои основни работи, но, фала му на Бога, пензијата стигнува – рекла Манчиќ.

Таа раскажала и како информацијата за нејзината пензија првпат стигнала до медиумите.

– Некому му се издадов колкава ми е пензијата, па порталите гореа со наслови: ‘Скандалозно колкава е пензијата на Сузана Манчиќ – 450 евра’. Па добро, за не дај Боже, луѓето живеат и од толкава пензија – вели таа.

Сумата од околу 450 евра се совпаѓа со порано објавуваната информација дека Манчиќ прима околу 53.000 српски динари.

Но, Манчиќ не остава впечаток дека пензијата ја доживува како финансиска катастрофа. Напротив, таа вели дека низ животот била внимателна со парите и дека значаен дел од заработеното го оставала настрана.

– Имав рационален и штедлив момент, да не кажам пиротски. Половина трошев, половина оставав на страна, така што во животот главно стекнував. Од таа пензија може да се живее, особено кога работиш нешто дополнително – изјавила таа.

А токму тоа повторно станува актуелно. Српските медиуми неодамна објавија дека Манчиќ се враќа на малите екрани, па од септември би требало да биде ново лице на Радио-телевизија Србија. Таа ќе ја води женската емисија „Моден салон – караван“. Висината на хонорарот засега не е објавена.

Манчиќ зад себе има повеќе од пет децении работа во медиумите. Најголемата популарност ја стекна како водителка на Лото, кога стана позната како „Лото девојката“.

Иако денес е пензионерка, таа очигледно не планира целосно да се повлече од јавниот живот. Новиот телевизиски ангажман ќе ѝ донесе дополнителен приход, но и можност повторно да биде пред камерите – работа од која, како што покажува нејзината кариера, никогаш целосно не се откажала.

Поврзани содржини