СЕ ОНЕСВЕСТИЛ НА ТРОТОАР ВО АМСТЕРДАМ И НЕ ЗНАЕ КОЈ Е? Полицијата три години не успева да најде никаква трага

Немал банкарски картички или лични документи со себе, па медицинскиот персонал не можел да го утврди неговото име или потекло.

114

Неидентификуван маж не може да им каже на лекарите кој е повеќе од три години откако се онесвестил на улица во Амстердам.

Мажот бил пронајден на 10 мај 2023 година и итно однесен во болница, каде што лекарите се сомневале на мозочен удар или крварење во мозокот. Дијагностицирана му е афазија, состојба што ја нарушува способноста за зборување и разбирање на говорен и пишан јазик. Немал банкарски картички или лични документи со себе, па медицинскиот персонал не можел да го утврди неговото име или потекло. Повеќе од три години подоцна, истражителите сè уште се обидуваат да ја решат мистеријата на неговиот идентитет, соопшти полицијата.






Една од најсилните индиции укажува на можни врски со Канада.

Вработените во кафулето „Супенцо“ на Ватерлуплајн го препознавале како „Крис Канаѓанецот“. Често доаѓал со куфер, нарачувал специјални супи и секогаш имал пари. Се вели дека зборувал англиски со американски или канадски акцент.

Во будистичката заедница на Миденвег, бил познат како „Лаки“. На јавниот плоштад и во околните продавници, го викале со различни имиња: Лаки, Луис, Ли, Џон, Сони. Постојат приказни дека бил исклучително богат, а други дека талкал по улиците на Амстердам. Се претпоставуава дека престојувал и во Северна Америка и во Непал, но никој не знае колку долго живеел во Амстердам.

Случајот го презедоа двајца пензионирани полицајци. Иако не станува збор за кривична истрага, тие се обидуваат да го реконструираат неговиот живот со надеж дека некој ќе го препознае. Базите на податоци за ДНК и технологијата за препознавање лица не дадоа резултати, а строгите правила за приватност го спречуваат пристапот до поголеми бази на податоци.

Човекот сега престојува во институција каде што лежи во кревет поголемиот дел од денот. Експертите утврдија дека тој нема способност да донесува одлуки. Полицијата во Амстердам ги повикува сите што можеби знаат кој е човекот да се јават.

Поврзани содржини