ДА СЕ УТВРДИ ОДГОВОРНОСТ, А НЕ ДА СЕ ПРАВИ ЕСТРАДА ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР Мицкоски повика Обвинителството да истражи зошто институциите не постапувале по извештаите за загадена вода

Намерата на СДСМ не е во насока на тоа да се бара вина за водата во Гостивар, туку да се политизира целата работа и да се прави естрада, вели премиерот Христијан Мицкоски.

54

Обвинителството треба да провери зошто во минатото не се постапувало по извештаите за неисправна вода за пиење во Гостивар, вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Како граѓанин мислам дека не треба одговорноста да заврши кај овие три лица. Мислам дека просторот за истрагата да се прошири е многу поголем од овие три лица, но истовремено, врз основа на информациите коишто ги поседувам, знам дека во минатото имало повеќе од 400 вакви извештаи — не само за Гостивар, туку и за други општини — за квалитетот или неквалитетот на водата, а тогаш институциите воопшто не постапувале. И логично е да се истражи зошто не постапувале, зошто тие луѓе коишто ги воделе тие институции не постапувале. Јас ја користам оваа прилика да го повикам Обвинителството да се обрати до Агенцијата за храна и ветеринарство и да ги побара овие извештаи, за да видиме зошто не било постапувано досега — зборувам за извештаи од 2018 и 2019 година – рече премиерот Христијан Мицкоски во гостување на Сител.






Воврска со нападите од страна на опозицијата и кривичните пријави на СДСМ кон сегашни функционери од здравствениот сектор, Мицкоски посочи дека намерата на СДСМ за Гостивар не е да се бара вина, туку да се политизира и да се прави естрада.

– Инаку треба тука да дадеме одговор на едно друго прашање за коешто СДСМ до овој момент не даде одговор, а тоа е: ако тие лица имаат одговорност, а да речеме за градоначалникот на Општина Гостивар нема одговорност, бидејќи  оваа дејност е на општинското претпријатие, не е на државата. Државата не ја преработува водата, не ја испраќа во системот и не ја продава на потрошувачите, туку локалното водоводно претпријатие кое е во директна надлежност на општината. Зошто ова го кажувам? Не го кажувам за да ја префрлам вината, туку за да кажам дека намерата на СДСМ не е во насока на тоа да се бара вина, туку да се политизира целата работа и да се прави естрада – порача Мицкоски.

 

Поврзани содржини