ПАЦИЕНТ ОД ОХРИД СО ВЛАДИНИОТ АВИОН ПРЕНЕСЕН ВО БЕРЛИН Треба да му се трансплантира срце
Транспортот е реализиран преку Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и со поддршка од Министерството за здравство.
Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се соочува со тешка срцева болест, со владиниот авион е транспортиран во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, Германија, информираат владини извори.
Пациентот претходно подолго време се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на срце. Поради влошување на неговата здравствена состојба и потребата од итен третман, а поради недостиг на соодветен донор во земјава, итно е покрената постапка за лекување во странство.
Транспортот е реализиран преку Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и со поддршка од Министерството за здравство.
Германскиот медицински центар го прифатил пациентот за подготовка за оперативниот зафат. Се чека да се најде соодветен донор за да се изврши трансплантацијата на срце.