ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ НАДМИНАТ 40 СТЕПЕНИ Доаѓа најтоплиот бран ова лето

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

185

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.






Мининалната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 38 степени Целзиусови.

Фото: УХХМР

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до 37 во текот на денот.

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време.

Во сабота локално ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи.

Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Поврзани содржини