📽️ И МАЛА ИСКРА МОЖЕ ДА Е РЕЦЕПТ ЗА КАТАСТРОФАЛЕН ПОЖАР Ангелов покажа на оставена скара покрај Треска

Шефот на ДЗС повторно ги повика граѓаните да не палат оган во природа, откако крај Треска затекнал оставена скара во непосредна близина на сува вегетација и шума.

436

Шефот на Дирекцијата за спасување Стојанче Ангелов испрати порака до граѓаните да бидат внимателни со престојот во природа во период кога и мала искра може да предизвика пожар.

Ангелов даде изјава покрај скара оставена во природа, апелирајќи граѓаните да ги послушаат неговите бројни повици за претпазливост:






– Секојдневно повикувам, секојдневно предупредувам, секојдневно молам. Ги молам граѓаните да бидат внимателни со своето поведение, да не предизвикаат пожар. Секој ден нагласувам дека е доволна само искра за катастрофа – изјави Ангелов.

Покажувајќи на оставената скара тој додаде:

– Овде покрај реката Треска, во нејзина непосредна близина, гледаме огниште за скара. Погледнете го ова. Погледнете ја оваа сува трева. Погледнете го овој куп суви гранки коишто директно водат кон блиската шума. Ова е рецепт за катастрофа! Дали треба да се запали оваа преубава шума за на некој да му проработи совеста?

Според Ангелов, се работи за крајно несовесно однесување.

– Крајно сум разочаран на сите повици коишто ги упатуваме. Затоа уште еднаш ве молам, не палете оган во текот на летото. Доволно е само искра…Дали треба да се запали оваа преубава шума за некој да му проработи совеста? Ова е крајно несовесно однесување.

Поврзани содржини