ПАДНАЛ ОД ПОКРИВ И ЗАВРШИЛ НА КЛИНИКА Тешко повреден 61-годишен жител на Боговиње

61-годишниот П.Б. од Брвеница бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди.

48

61-годишен жител на Брвеница е тешко повреден откако паднал од кровната конструкција на куќа во село Боговиње, Тетовско, додека изведувал градежни работи.

Случајот бил пријавен на 16 август околу 10:30 часот во СВР Тетово од Итната медицинска помош во Тетово.






Од СВР Тетово информираат дека П.Б. (61) од село Брвеница изведувал градежни работи на куќа во сопственост на Н.А. (60) во Боговиње, кога паднал од кровната конструкција.

При падот, тој се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини