ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕА 28 КУЌИ, 106 ВОЗИЛА И 45 ПЛОВИЛА Огнот остави пустош кај Омиш, загина Драгана од БиХ

Во пожарот целосно се уништени и седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти, а делумно се оштетени уште 43 куќи, 20 возила и девет пловила.

93

Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан.

– Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле извлечени на брегот – изјави Бобан за Хина.






Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила.

На прашањето дали се оштетени маслинови насади, тој рече дека сè уште не е извршен увид во штетите во земјоделството.

Тој објасни дека откако Градот Омиш ќе го достави извештајот од увидот, ќе биде поднесено барање до Штабот за цивилна заштита за прогласување природна непогода.

Бобан потсети дека премиерот Андреј Пленковиќ вети дека и владата ќе помогне во санацијата на просторот и објектите, како и во надоместувањето на штетата.

Според дополнителните податоци од увидот, пожарот избувнал на 13 август околу 20 часот во шумски предел покрај патот во Локва Рогозница. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил кон Омиш, зафаќајќи подрачје долго околу 23 километри. Изгореле околу 1.000 хектари трева, ниска вегетација и борова шума.

Во пожарот животот го загуби 34-годишната Драгана Антешевиќ, државјанка на Босна и Херцеговина од Котор Варош, која исчезна за време на пожарот.

Поврзани содржини