🎥 ГРУПНА ТЕПАЧКА ПРЕД ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО КОЧАНИ Ќе се истражува улогата на полицајците

190

Групна тепачка се случила во Кочани, во непосредна близина на полициската станица, а во физичката пресметка учествувале шест лица. Приведени се четири лица. За нарушување на јавниот ред и мир во Кочани вчера (15.08.2026) во 19:15 часот приведени се Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, Струмичко.






Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на улицата Тодосија Паунов во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица.

По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци. За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција.
Поврзани содржини