ПАЛЕЛЕ ПОЖАРИ ВО БИТОЛА И ВО ПРИЛЕП Полицијата фати двајца при предизвикување огнени жаришта

Двајцата биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор, а кај едниот била пронајдена и запалка.

89

Две лица од Битола и од Прилеп се лишени од слобода откако биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 14 август во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на улицата Јорго Костовски, на местото викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода 39-годишниот Е.К. од Битола.






Според МВР, тој бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.

Претходно, на 13 август во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ч. од Прилеп. Тој бил затекнат при предизвикување пожар на отворен простор на местото викано „Падарица“ во Прилеп. При преглед кај него била пронајдена и запалка.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини