ЗАБРАНЕТО Е ДА СЕ ПИЕ ВОДАТА ВО ДЕМИР КАПИЈА Испитувањата покажале различни резултати, ќе се прави нова анализа
Јавното комунално претпријаите на Демир Капија информираше дека примерокот од водата од Демир Капија земен во понеделникот покажува дека не се исполнети услови, додека примерокот земен во вторник од ЦЈЗ Велес покажува дека ги исполнува. Од таа причина се забранува пиење и готвење со водата во Демир Капија до извршување нова суперанализа закажан за понеделник.
Јавното комунално претпријатие Бошава Демир Капија попладнево информираше дека водата во градот не смее да се пие, но исто така не смее ниту да се готви со неа. Одлуката е донесена по добиени анализи со различни резултати, поради што воведена е забрана за користењето на водата.
„По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати. Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење. Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена суперанализа. Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна! Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата“, се вели во соопштението.